16 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто ќе направи евтинот „iPhone“ со камерата?

Што ќе направи евтинот „iPhone“ со камерата?

„Apple“ е „на тенок мраз“ со серијата „iPhone SE“, бидејќи овие телефони мора да го оправдаат името, но не можат да бидат премногу слични на главната серија на „iPhone“ бидејќи тогаш никој не би го купил.

Се чини дека во Купертино најдоа решение за овој проблем, барем судејќи според најновите протечени слики од серијата „iPhone SE“.

Станува збор за засек за камерата, кој ќе се појави за прв пат на телефоните од средната класа на „Apple“, но нема да се прошири на делот „динамички остров“, и покрај тоа што претходните извештаи сугерираа поинаку.

Веќе спомнавме една од причините за ова – ако „iPhone SE 2025“ имаше сѐ што има неговиот „поголем брат“, никој не би го купил „iPhone 16“.

Потоа, тука е цената – екраните се генерално еден од најскапите делови кога станува збор за трошоците за производство на модерни телефони, па колку помалку чини, толку подобро и за „Apple“ и за клиентите.

Од друга страна, додавањето на „notch“ ќе му даде на корисникот чувство дека користи „iPhone“, без разлика што се работи за поевтина верзија на уредот. Ова е важно, бидејќи „Apple“ направи многу за да ја вклучи серијата „iPhone SE“ во екосистемот како рамноправен член.

Што се однесува до останатиот дел од дизајнот, има две големи видливи промени на „iPhone SE“ 2025-та во споредба со стандардниот „iPhone 14“. Лизгачот за известувања е заменет со „Action Button“, додека приклучокот „Lightning“ на дното е заменет со USB -C конектор. Физичкиот слот за SIM е исто така видлив на левата страна.

„Apple“ се очекува да го објави „iPhone SE 4“ (iPhone SE 2025) до април, а телефонот ќе има чипсет A18, 8GB RAM, главна камера од 48MP, поддршка за „Apple Intelligence“ и почетна цена од 500 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП