17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените во маркетите дивеат, граѓаните возвраќаат со бојкот: Ќе има ли ефект?

Цените во маркетите дивеат, граѓаните возвраќаат со бојкот: Ќе има ли ефект?

Со оглед на нашиот менталитет, ќе биде интересно да се види колку ќе биде успешен бојкотот на маркетите најавен за утре. Ќе има ли некаков бенефит ако мнозинството одлучи да не купи ништо? Додека го чекаме бојкотот, позитивни вести доаѓаат од Хрватска.

„Утре сигурно нема да одам да пазарувам“, јасно вели Горан Радевски. Тој се надева дека мнозинството Македонци ќе се приклучат на бојкотот. Само не дозволувајте се да остане на објави на социјалните мрежи, вели тој. Цените пораснаа неоправдано, а клучна причина е желбата за богатење на трговците. Затоа, бојкотот е многу оправдан.

„Трговците го прават тоа без многу аргументи. Цената на нафтата и другите работи не растат толку колку што растат цените во продавниците. Треба да бојкотираме, треба да не одиме на пазарење неколку дена за да се почувствува тој бран“,вели Радевски.

Анализата покажа дека сите оправдувања што се користат за поскапувања се неосновани. Тие наведуваат дека сегашната цена на нафтата требало да предизвика пад на цените на другите стоки. Граѓаните најавуваат дека ќе го поддржат бојкотот, но не се сигурни дека тоа ќе ги натера трговците да ги намалат цените.

„Можеме да бојкотираме денеска, но што ќе биде подоцна? Цените повторно ќе растат. Резултатот ќе биде слаб“, „Ќе го поддржам, но не знам дали ќе се промени нешто“, „Тука ништо не се почитува, тоа е катастрофа. Цените се превисоки, „Се е прескапо“. „Мислам дека бојкот нема да даде толку силни резултати, но ќе се обидеме“, вели Милица од Скопје.

Цените се зголемија во опсег од 50% до дури 200% за некои артикли. Како оправдување често се наведуваше влијанието на случувањата на глобалниот пазар, синџирот на снабдување на стоки итн.

„Понекогаш не знам дали овие оправдувања се толку неубедливи и невистинити затоа што некој нема фантазија да смисли нешто попаметно или едноставно затоа што им дозволуваме да прават што сакаат и да не вложуват ни труд за никакво оправдување кое би имало смисла“, смета Игор Дамјановски, по професија економист.

Бојкотот, велат економските аналитичари, може да биде начин за намалување на цените. За поголеми ефекти треба да трае подолго од еден ден.

На едно четиричлено семејство сега му требаат 63 252,00 денари за да живее. Цените брзо се зголемија. За време на бојкотот, граѓаните или ќе испратат предупредувачка порака до трговците, и доколку не одговорат на овој бојкот, трговците ќе им испратат порака на граѓаните дека можат да ги покачувааат цените како и досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП