16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе ограничи некои руски испораки на течен гас

ЕУ ќе ограничи некои руски испораки на течен гас

Шеснаесеттиот пакет санкции против Русија, кој го подготвува Европската комисија (ЕК), ќе опфати одредени ограничувања за увоз на руски течен гас, но не и целосна забрана, пишува „Politico“, повикувајќи се на свои извори. Во Брисел, расположението е за сè позначајни ограничувања на испораките на енергија од Русија, со цел да се намалат приходите од трезорот што Москва ги користи за финансирање на војната во Украина.

Според предлозите, кои официјално ќе бидат претставени е опфатена забрана за пристап на руски течен гас од терминали кои не се поврзани со мрежата за пренос на гас на Европската унија (ЕУ). Ова нема да влијае на поголемиот дел од испораките и е далеку од целосната забрана за увоз што ја бараат 10 земји од ЕУ.

Балтичките и скандинавските земји, како и Полска, која претседава со Европскиот совет, пред неколку дена повикаа на построги ограничувања на рускиот гас поради податоците за зголемените испораки. Статистиката покажува рекорден увоз, но причината е што до пред три години ЕУ увезуваше многу ограничени количини руски течен гас и главно се потпираше на гасоводот. Сега, сепак, Москва повторно се обидува да се пробие на европскиот пазар и ги користи новите терминали што ЕУ ги изгради за да го диверзифицира снабдувањето со гас по војната во Украина и разнесените цевки на проектот Северен тек долж дното на Балтикчкото Море.

Во 2024-та година до ЕУ беа испорачани околу 16 милиони тони течен гас или 24,2 милијарди кубни метри, што исто така предизвика реакција да прекине со испораките. За јануари увозот е веќе околу 900 илјади тони.

Предлогот на ЕК ги разочара 10-те земји кои побараа построги мерки против рускиот енергетски сектор. Сепак, тие се надеваат на патоказот за постепено укинување на рускиот гас до 2027-ма година, ветен од комесарот за енергетика Ден Јоргенсен. Според пишувањата на медиумите, презентацијата е одложена – од февруари до март.

Изворите на „Politico“ јавуваат и дека новиот пакет ќе вклучува санкции против повеќе нафтени танкери од т.н. „засенчена“ флота од стари танкери, кои пловат на работ на законот, кои Русија ги користи за транспорт на нафта. Според изданието, во списокот ќе бидат вклучени уште 74 бродови.

Ќе има мерки и за увоз на руски алуминиум, кој сочинува околу 6% од вкупниот увоз на алуминиум во заедницата.

Изворите на европското издание коментираат дека 16-тиот пакет ќе забрани извоз на опрема за игри како што е „Xbox“, која ја расклопуваат и користат пилотите на дронови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП