16 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕДали знаете што му прави газираната вода на вашето тело?

Дали знаете што му прави газираната вода на вашето тело?

Газирана вода е одличен освежителен пијалок кој го хидрира телото, но има и други корисни ефекти врз здравјето.

Киселата вода помага да се намали вишокот телесна тежина, го олеснува движењето на дебелото црево, ја подобрува функцијата на бубрезите, ја регулира температурата на телото, ја подобрува концентрацијата и го зголемува расположението.

Додавањето свежо овошје или зеленчук, лимон или ѓумбир во газирана вода го зголемува нивото на антиоксиданси.

Диететичарите од познатата клиника Мајо, Џенифер Нелсон и Катерина Зерацки, како и Џенифер МекДаниел, експерт за спортска исхрана, нагласуваат дека газираната вода е корисна за нашето здравје.

Газираната вода ги стимулира истите нервни рецептори како сенфот, создавајќи пријатна сензација во устата која ги активира нашите рефлекси на голтање. Затоа една или две чаши газирана вода може да ги ублажи последиците од болките во грлото.

Минералните извори ширум светот се популарно место за лекување, заживување на целото тело и подмладување.

Нашите баби газираната вода ја користеле за да ги смират грчевите во стомакот кај бебињата, бидејќи меурчињата во неа ја намалуваат надуеноста и го намалуваат притисокот во стомакот.

Газираната вода не содржи шеќер, масти или калории, а многумина ја нарекуваат шампањ од водите.

Киселата вода е вкусна сама по себе, но е уште повкусна и „попродуктивна“ кога ќе додадете лимета, билки, замрзнати бобинки…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП