Граѓаните на Македонија се поделија и по прашањето дали во петок треба да се бојкотираат маркетите. Иницијативата која се споделува на социјалните мрежи за едни е конечен потег дека на тгрговците треба да им се посочи дека претераа со растот на цените на храната и останатите производи, а за други тоа е погрешен начи на изразување на незадоволство од континуираното зголемува на трошоците за живот кој го имаат граѓаните. Во меѓувреме податоците велат дека маркетите генерално од продажбата на производите заработуваат од нешто над 10 отсто па се до речиси 40 отсто. Во петок на 31 ви јануари речиси во сите држави од регионот е закажан бојкот на маркетите од страна на граѓаните.
Од „редно беше“ и „потребен е бојкот кој ќе трае неколку дена“ до ова е чиста глупост бидејќи се ќе се испазари во четврток и на никого ништо нема да му недостасува во петок се најчестите коментари и реакции на социјалните мрежи по најавите дека на 31ви јануари граѓаните нема да влегуваат во големите ланци на маркети.
И оваа иницијатива „успеа“ да го подели македонското население и на оваа тема која ги засега сите домаќинства во земјава мора да има за или против.
Стотици теории излегоа на виделина, како на пример, дали ова е организирано од самите трговци, дали стои политика позади ваквата иницијатива, дали оној што ќе биде затекнат во маркетите е предавник, колкав ли ќе биде прометот на маркетите во сабота и слично. Ниту во оваа ситуација не застанавме сплотени, да испратиме порака до трговците, една опомена дека граѓаните се најстрогите инспектори, тие се секојдневно во маркетите, не треба да дојдат државните инспекторати да прават проверки на фактурите, се е видливо и се е јасно. Сите, цел синџир на трговија се богати од нерешителниот народ кој не знае да каже ДОСТА Е.
А податоците кои ја покажуваат Бруто профитната маржа на маркетите велат дека најголема заработка има Рамстор чија висина достигнува речиси 40 отсто. Тинекс маркетите се на втората позиција со близу 30 отсто Бруто профитна маржа. Веро има Брито профитна маржа од 27,6 отсто. Следуваат Рептил маркетите со речиси 25 отсто заработка. Безмалку 23 отсто Бруто профитна маржа имаат Жито маркетите. Податоците велат дека Бруто профитната маржа на Кам е близу 14 отсто, а пак на Стокомак и на Кипер се движат нешто над 13 отсто.
БРУТО ПРОФИТНА МАРЖА
Рамсторе 37,1%
Тинекс 28,8%
Веро 27,6%
Рептил 24,1%
Жито 22,9%
Кам 13,8%
Стокомак 13,1%
Кипар 13,1%
Освен во Македонија, бојкот на маркетите во петок на 31ви јануари е закажан и во Црна Гора, Србија и Словенија. Дали по ваквите граѓански иницијативи трговците ќе играат многу пофер останува да видиме.