17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако изгледа еден просечен милијардер?

Како изгледа еден просечен милијардер?

milijarderrr

Кога листите за најбогатите луѓе на светот ќе ги пратите еден подолг период ќе добиете впечаток дека на нив се наоѓаат истите луѓе, но се прашуваме како денес изгледа еден просечен милијардер?

Според најновите истражувања на швајцарската банка „UBS“ и истражувачкиот институт во Хонг Конг, бројот на милијардери во долари оваа година достигна рекордно ниво, така што светот во јуни имаше 2.170 милијардери, или за 0,5 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

Според ова истражување, може да се заклучи дека еден денешен милијардер изгледа вака:

– Маж (87 проценти од милијардерите се мажи)

– Претприемач кој поседува приватна компанија (60 проценти од нив имаат сопствен бизнис)

– Оженет со 2,1 дете (86 проценти се во брак и просечно имаат две до три деца)

– Со просечна популарност

– Граѓанин на Њујорк (96 проценти од милијардерите живеат во овој град)

– Поседува четири куќи или 78 милиони евра во недвижнини

– Живеее или во близина на својата компанија или во сосема друга земја (една четвртина живеат во непосредна близина на својот бизнис, додека ист процент не живеат во истата земја каде им е лоциран бизнисот)

– Троши 22 милиони долари на јахта, 16 милиони долари на приватен авион и 14 милиони долари на уметност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП