8 февруари, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија се одлучи на драстичен потег: Невидено во 17 години

Јапонија се одлучи на драстичен потег: Невидено во 17 години

Банката на Јапонија (BoJ) денеска ја зголеми референтната каматна стапка на највисоко ниво во последните 17 години, од 0,25 отсто на 0,5 отсто, што ја прави највисока од глобалната финансиска криза во 2008 година.

Зголемувањето на каматната стапка од 25 базични поени не ги изненади пазарите и аналитичарите кои го очекуваа овој развој, пишува The Japan Times.

Експертите беа загрижени за можните чекори на новата претседателска администрација на Доналд Трамп, но пазарите беа силни и покрај стравувањата од царини.

Затоа, Банката на Јапонија (БОЈ) беше во добра позиција да ја заостри монетарната политика без ризик од предизвикување турбуленции на пазарите, а исто така укажа на можноста за дополнително зголемување на каматните стапки доколку ситуацијата продолжи да се развива во согласност со нејзините прогнози.

„Без пазарни турбуленции по инаугурацијата на Трамп, исполнети се условите BoJ да ја зголеми каматната стапка“, рече Ко Накајама, главен економист во Okasan Securities Research.

По одлуката за зголемување на каматните стапки, јапонската валута зајакна на 155,2 јени за долар.

Заменик-гувернерот на BOJ, Риозо Химино, минатата недела изјави дека банката ќе донесе одлука за каматните стапки врз основа на сеопфатна анализа на целокупната економска ситуација, додавајќи дека американската економија е „еден од главните фактори“ во одлуката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП