Девизните резерви бележат раст, инфлацијата забавува, додека стабилноста на банкарскиот и натаму зајакнува, се бележи во Извештајот за кредитниот рејтинг на земјава од агенцијата „Стандард и Пурс“, во кој таа го потврдува рејтингот „ББ-“, со стабилен изглед.
Во делот во кој Агенцијата прави процена на отпорноста на економијата за справување со надворешни шокови, се наведува дека во декември минатата година девизните резерви се зголемија на нивото од околу пет милијарди евра , главно како резултат на откупот на девизи од страна на Народната банка. Очекувањата на Агенцијата се дека тие ќе бидат стабилни и понатаму, меѓу другото поддржани и од странските директни инвестиции.

