28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на ЕУ препорача седум земји да ги намалат буџетските дефицити

Советот на ЕУ препорача седум земји да ги намалат буџетските дефицити

Советот на Европската унија (ЕУ) усвои препораки до седум земји-членки за корекција на нивните прекумерни буџетски дефицити, со конкретни рокови за постигнување на прифатлив дефицит до 3% од бруто домашниот производ (БДП) според буџетските правила на блокот.

Земјите се Белгија, Франција, Италија, Малта, Полска, Словачка и Романија, објави прес-службата на Советот.

Советот препорачува Белгија да го коригира својот прекумерен дефицит до 2027-ма година, додека рокот за Франција е одреден до 2029-та година.

Белгија мора да обезбеди номиналната стапка на раст на нето расходите да не надмине 2,4% во 2025-та година, 1,9% во 2026-та година и 2% во 2027-ма година, според Советот. Препораката за Франција предвидува номиналната стапка на раст на нето расходите да не надминува 0,8% во 2025-та година, 1,2% во 2026-та година, 1,2% во 2027-та година, 1,2% во 2027-та година, 2028-ма година и 1,1% во 2029-та година.

Рокот што Советот на ЕУ и го дава на Италија да го намали дефицитот е 2026-та година, Малта и Словачка до 2027-ма година, Полска до 2028-ма година. Романија има најмногу време до 2030-та година.

Ова е втора фаза од постапката против земјите кои ја надминаа границата на здрав буџетски дефицит од 3% од БДП. Првата фаза е да се стават под надзор националните финансии и да се дадат општи препораки.

Земјите треба да подготват среднорочни фискални рамковни планови, во кои ќе ги наведат нивните трошоци и нивните приоритетни реформи и инвестиции за период од 4-7 години.

Советот на ЕУ ги одобри и фискалните и структурните планови на 21 земја во блокот. Пет земји – Финска, Франција, Ирска, Италија и Романија – побараа продолжување на рокот за поднесување на овие планови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП