
Во просториите на општина Кичево денеска градоначалникот Фатмир Дехари ја издаде првата дозвола за градба на фабрика за производство на биогас.


Во просториите на општина Кичево денеска градоначалникот Фатмир Дехари ја издаде првата дозвола за градба на фабрика за производство на биогас.
Фабриката ќе се гради во индустриската зона „Иванидол“ во Кичево и се предвидува првично да се вработат 15 луѓе. Инвеститорот е кичевчанец на привремена работа во Швајцарија, кој ќе го гради овој објект од енергетскиот сектор во вредност од над еден милон евра.
Градоначалникот Дехари истакна дека ова е добар пример за сите оние кои сакаат да инвестират во Кичево.
– Оваа инвестиција е плод на нашето залагање и интензивно лобирање во претходниот период. Се надевам дека уште многу инвестици ќе има во иднина, рече Дехари.