Бројот на сиромашни лица во САД и понатака е блиску до 50 милиони, или околу 15 проценти од населението. Ситуацијата е слична како и пред две години.
Меѓутоа, како што наведува британската агенција Ројтерс, без сoцијалната помош, која често ја добиваат сиромашните семејства и старите лица кои немаат пензија, бројот на сиромашни во САД достигнува 25 проценти.
Според алтернативната проценка на сиромаштијата, која ги вклучува не само приходите на семејствата, туку и местата во кои живеат луѓето и цената за закуп на стaновите, уште 6,4 милиони лица постари од 65 години живеат во сиромаштија.
Официјалната граница на сиромаштијата во Америка е 23,283 долари годишно по семејство од четири члена, а тоа е ако двајца возрасни месечно заработуваат заедно нешто помалку од две илјади долари.
Ројтерс додава дека официјалната граница не важи за сите држави подеднакво, бидејќи за некои земји таа е многу ниска, а во некои за таа сума може да се живее нормално.