17 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕВеројатно најлошата намирница на светот, а македонците ја "таманат како луди": Ги...

Веројатно најлошата намирница на светот, а македонците ја “таманат како луди”: Ги уништува срцето и црниот дроб и не треба да биде во домот

Сите понекогаш посегнуваме по нешто слатко или солено – парче торта, крофна, чипс, геврек или пуканки. Ова е сосема нормално и не е проблем додека таквата желба не премине во навика. Меѓутоа, проблемот настанува кога често посегнуваме по овие намирници, особено што една од нив официјално е прогласена за најнездрава на светот.

Здравата исхрана не е само минлив тренд, туку клуч за долг и квалитетен живот. Експертите ширум светот постојано советуваат што да јадете и пиете, а нивните препораки често вклучуваат листа на најнездрави намирници. Порталот EatThis објави листа на 100 најнездрави производи, а на самиот врв е чипсот.

Чипсот, како што се испоставува, е еден од најлошите избори на храна. Содржи големи количини сол, вештачки бои и адитиви, а речиси и да нема влакна или хранливи материи. Накратко, во чипсот нема ништо корисно за организмот, а тие се полни со штетни материи.

Оваа ултра-обработена закуска може сериозно да го загрози вашето здравје, особено кардиоваскуларниот систем. Нејзиното консумирање го зголемува нивото на холестерол, не дава чувство на ситост и може да содржи адитиви кои експертите ги поврзуваат со зголемен ризик од рак. Чипсот е исклучително популарен кај нас, особено кај младите, што дополнително загрижува.

Штетните ефекти на нездравата храна се појавуваат дури по подолг временски период. Истражувањата покажуваат дека само неколку часа по консумирањето, крвните садови може да претрпат негативни последици.

Ако често консумирате чипс или слични грицки, размислете за поздрави алтернативи. Наместо тоа, посегнете по ореви, бадеми, лешници, семки од тиква или свежо овошје како банани и портокали. Малите промени во исхраната можат значително да го подобрат вашето здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП