2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕврото влијаеше на профитот на Adidas

Еврото влијаеше на профитот на Adidas

adidas-store

Германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ тврди дека силното евро имало влијание на нивниот профит во третиот квартал, но компанијата ќе ја задржи прогнозата за заработка за целата година.

„На нашето работење во третиот квартал негативно влијаеа сериозните валутни турбуленции“, вели Извршниот директор на компанијата, Хеберт Хајнер.

Во трите месеци заклучно со септември, нето заработката на „Adidas“ забележа пад од осум проценти или на 316 милиони евра. Профитот од работењето е намален за шест проценти или 463 милиони евра, а приходите потонаа за седум проценти или вкупно 3.87 милијарди евра.

Компанијата сепак ја задржа прогнозата за 2013-та година, истакнувајќи дека очекуваат подобри резултати во четвртиот квартал. „Adidas“ за оваа година прогнозира заработка по акција од четири до седум проценти, односно нето-профит од 820 дo 850 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП