1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународните кредитори бараат од Грција да ја забрза приватизацијата

Меѓународните кредитори бараат од Грција да ја забрза приватизацијата

Greece

Меѓународните кредитори, кои моментно преговараат во Атина за следната транша од помошта за Грција, бараат од грчката Влада да го забрза процесот на приватизација на државниот имот.

Приватизацијата на државните компании е меѓу условите на кредиторите за продолжување на финансиската помош за Грција.

Грчката Агенција за приватизација соопшти дека подготвува процедури за продажба на илјада од вкупно 3.000 државни имоти, од кои се очекува заработувачка од 4,5 милијарди евра.

Меѓу предложените објекти за приватизирање се хотели, аеродроми, компаниите кои управуваат со пристаништата во Пиреја и Солун, регионални пристаништа, автопатот „Игнација“, „Грчката пошти“ (ЕЛТА) и други државни објекти.

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас изјави дека приватизациската програма на Владата се извршува успешно, а зделките во врска со неа донеле приходи во износ од 3,5 милијарди евра, од кои во буџетот веќе влегле 1,9 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП