28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГеоргиевски: Нови 132 километри автопат

Георгиевски: Нови 132 километри автопат

patoini

Со двете нови делници од Скопје до Штип и од Кичево до Охрид ќе бидат изградени нови 104 километри автопат. Заедно со делницата Демир Капија – Смоквица, чија изградба е во тек, автопатската мрежа во Македонија ќе биде зголемена за 132 километри што е за околу 64 проценти повеќе во однос на сегашната вкупна должина од 262 километри, вели во интервју за МИА, директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Во интервјуто кое во целост ќе биде објавено утре, Георгиевски појаснува дека е планирано автопатот од Скопје до Штип да биде со должина од 47 километри, а делницата од Кичево до Охрид долга 57 километри. Двата автопата се со два коловоза со по две возни ленти од 3,75 м и една лента за запирање од 2,5 м.

– На делницата Скопје (Миладиновци) – Свети Николе – Штип се предвидени 7 клучки, севкупно 13 надвозници и подвозници и 10 мостови и вијадукти. Делницата Кичево – Охрид заради потешкиот терен има повеќе објекти на траса, односно 1 клучка, 19 надвозници и подвозници, вкупно 29 мостови и вијадукти, како и тунел кај Пресека кој со должина од 2 км ќе биде најдолгиот во Република Македонија, истакнува Георгиевски.

Во однос на наплатата на патарините, Георгивски вели дека има подобрување во работата и позитивни промени.

– Минатата 2012 година Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши со поголем приход од наплата на патарината за 8,3 проценти или за 89.286.000 денари повеќе во однос на 2011 година. Во првите девет месеци од годинава приходите од наплатата на патарината се зголемени за 22,1 проценти или повеќе за 189.500.000 денари во однос на првите девет месеци од 2012 година, нагласува Георгиевски.

Во интервјуто директорот на Агенцијата за државни патишта говори и за изградбата и плановите за регионалните и локалните патишта, како и за активностите што ги преземаат околу сигнализацијата и осветлувањето на патиштата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП