Чајот од шипка е еден од најздравите природни напитоци кој не само што освежува, туку и значително го зајакнува имунолошкиот систем.
Со 50 пати повеќе витамин Ц од лимонот, овој чај претставува природен сојузник против настинките и вирусите, но за да ги искористите неговите предности, важно е правилно да го подготвите.
Богатство од природата
Плодовите на шипката, кои се собираат во есенските месеци октомври и ноември, се вистински извор на здравје. Тие содржат не само витамин Ц, туку и витамин Б2, каротин, манган, пектин и лимонска киселина.
„Шипката е вистински подарок од природата. Таа има моќ да го зајакне имунитетот, да помогне при воспаленија на бубрезите и да го подобри варењето. Но, вистинската тајна е во нејзината правилна подготовка“, велат експертите.
Здравствени придобивки
Чајот од шипка не само што го зајакнува имунитетот, туку помага и за:
Лекување воспаленија на бубрезите
Чистење на камења и песок во бубрезите
Одржување на здрави крвни садови
Намалување на воспалителните процеси
Дополнително, овој чај ги релаксира мускулите и помага за подобро варење, што го прави совршен избор за секојдневна употреба.
Како правилно да го подготвите?
Витаминот Ц, кој е главниот адут на шипката, е чувствителен на високи температури. Затоа, важно е да го избегнете готвењето на шипката на температури над 60°C.
Подготовка:
Измијте една лажичка сушени шипки, исчистете ги и исечете ги.
Зовријте 200 мл вода и оставете ја да се излади додека не стане млака.
Додадете ја шипката, поклопете и оставете ја да отстои околу 20 минути.
По желба, додадете лимон или мед за подобар вкус.
Препораки за консумирање
Се препорачува да се пие 1-2 шолји од чајот дневно за максимална корист. Со редовна употреба, ќе почувствувате повеќе енергија, подобра отпорност на настинки и општо подобрување на здравјето.