17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина до крајот на денот треба да плати милијарда долари за испораките...

Украина до крајот на денот треба да плати милијарда долари за испораките на руски гас за октомври

naf

Украинската нафтена компанија „Нафтогаз“ до крајот на денешниот работен ден на банките – 17 часот по московско време (19 часот по средноевропска), на рускиот гасен гигант „Газпром“ треба да му префрли над милијарда долари за испораките на руски природен гас за октомври, пренесе ИТАР-ТАСС.

Во текот на изминатиот месец на Украина и биле испорачани 3,2 милијарда кубни метри гас.

Шансите „Нафтогаз“ да успее да ги обезбеди неопходните пари до крајот на денот, меѓутоа, не се големи, бидејќи Украина се уште не ги платила своите августовски испораки на природен гас. Досега во „Газпром“ се „легнати“ само 12 проценти од 882-те милиони долари за испораките на руски природен гас за Украина во текот на август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП