26 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗКолку поскапеа автомобилите во последните десет години?

Колку поскапеа автомобилите во последните десет години?

Според истражувањето на водечката европска платформа за купување и продавање половни автомобили, „AutoScout24“, во последните десет години просечната цена на 10-те најпопуларни автомобили е зголемена за цели 68%!

Ова истражување се однесува на Шпанија, но резултатите од истражувањето би можеле да се применат и во други европски земји, вклучително и Македонија, со слични проценти.

Иако цените на автомобилите во сите земји на ЕУ веројатно не беа целосно идентични, зголемувањето на цената беше приближно еднакво, па ова истражување може да послужи како добра илустрација.

Според податоците на „AutoScout24“, просечната цена на 10-те најпродавани автомобили во 2014-та година била 14.236 евра, додека во 2024-та година се зголемила на 23.977 евра. Овој пораст далеку ја надминува стапката на инфлација од 19,4% во истиот период.

Зголемувањето на цената од дури 68% во текот на десет години е резултат на повеќе фактори, како што се зголемувањето на цените на суровините, покомплексната логистика, како и строгите еколошки и безбедносни регулативи на ЕУ, кои ги поскапеа новите автомобили.

Дополнително, се промени и понудата на пазарот: производителите го намалија производството на мали и достапни автомобили, давајќи им приоритет на поголемите и технолошки понапредните возила како што се SUV моделите, кои денес доминираат на пазарот и значително ги менуваат правилата на игра, пишува Ел Паис.

Додека, на пример, во 2014-та година најпопуларни модели во Шпанија беа градските и компактни автомобили како „VW Golf“ и „Renault Clio“, во 2024-та година оваа доминација ја презедоа SUV моделите како „Peugeot 2008“ и „VW T-Roc“.

Прогнозите покажуваат дека теренците ќе продолжат да сочинуваат повеќе од 60% од сите нови регистрации во наредните години.

Според портпаролот на „AutoScout24.es“, регулативите за емисиите дополнително ќе ги зголемат цените на автомобилите.

Барањата за поголема продажба на електрични автомобили за да се надоместат трошоците за автомобилите со внатрешно согорување, вршат дополнителен притисок врз производителите, што доведува до казни и повисоки цени.

Оваа динамика може да го отежне пристапот до новите возила за оние со среден приход, создавајќи маѓепсан круг на раст на цените. Се чини дека сме само на почетокот на оваа промена и дека можеме да заборавиме на достапните автомобили.

Примери за цени на 10 популарни модели (во евра)

Во 2014 година:

Renault Megane: 15.680

Citroen C4: 15.150

Seat Leon: 15.170

Seat Ibiza: 12.720

Volkswagen Polo: 12.715

Opel Corsa: 11.331

Volkswagen Golf: 18.800

Dacia Sandero: 7.900

Renault Clio: 12.550

Nissan Qashqai: 20.350

Во 2024-та година:

Dacia Sandero: 13.490

Toyota Corolla: 25.000

Seat Ibiza: 17.500

Hyundai Tucson: 33.325

MG ZS: 16.890

Seat Arona: 23.920

Renault Clio: 17.299

Toyota C-HR: 31.750

Toyota Yaris Cross: 26.450

Kia Sportage: 34.150

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП