12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 грешки кои не смеете да си ги дозволите

5 грешки кои не смеете да си ги дозволите

greshkirabota1

Големите грешки не мора баш секогаш да ве доведат до отказ. Некои од нив, иако големи, не секогаш се фатални. Се зависи од начинот на кој ќе реагирате и ќе ја исправите настанатата штета. Но, внимавајте повеќето фатални грешки, најчесто водат до отказ.

Ова е листата на петте најчести грешки кои не смеете да си ги дозволите…

1. Ветивте нешто што е невозможно

Го ветивте невозможното, и сега клиентот е бесен заради вашата неисполнителност. Или пак, не сте ја завршиле работата во дадениот рок, па сега колегите се нервозни и ви се лутат.

2. Го оговаравте шефот

Едноставно не можете да ја држите устата затворена, а трачот стигнал и до вашиот шеф. Случајно сте притиснале „Reply All“, и меилот стигнал до сите, наместо до личноста за кој бил наменет. Или пак во некое ТВ шоу сте се отвориле за лошиот однос кон вработените во вашата фирма.

3. Ја искористивте својата позиција

Ја искористивте својата позиција и вработивте свој познаник, на пријателот му дадовте информации со кои тој остварил финансиска корист, или пак преку вас во јавноста се обелоденила информација која ќе и наштети на компнијата во која работите.

4. Јавен нервен испад

Премногу гласно му викавте на колегата, и го наредивте со секакви имиња. Дури и доколку сите потајно се согласуваат со вас, или тој навистина го заслужува секој збор кој сте му го намениле, одговорноста е ваша, бидејќи вие се однесувавте непристојно и непримерно.

5. Избегавте од работа

Избегавте од работа за да завршите свои приватни работи, фатени сте на дело како во канцеларија  ја копирате „Домашен Готвач“ или вашата телефонска сметка одамна му кажала „чао“ на дозволениот износ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП