8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави инфлација во земјите на ОЕЦД

Забави инфлација во земјите на ОЕЦД

oecd1

Инфлацијата во развиените земји во септември забави на 1,5 од 1,7 проценти од претходниот месец, соопшти вчера Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Освен краткорочниот раст од средината на 2013 година, потрошувачките цени во 34 земји на ОЕЦД се во постепен пад во последните две години, а стапката на инфлација во моментов е на најниското ниво во последните три години, пренесува агенцијата Франс прес.

Инфлацијата во САД во септември се намали на 1,2 од 1,5 проценти од август, додека во еврозоната истовремено е намалена на 1,1 од 1,3 проценти.

Во Групата од 20 најразвиени земји во светот, стапката на инфлација е забавена на 2,9 од три проценти, додека во Кина, од друга страна, таа забрза на 3,1 од 2,6 проценти.

Аналитичарите од неодамна укажуваат на забавување на инфлацијата и слаб глобален економски раст како причина поради која централните банки во развиените земји, каматните стапки ги држат на ниско ниво и ја олабавуваат монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП