Германија можеше да биде повеќе дарежлива и да им помогне на другите подобро и побрзо да закрепнат. Точно е дека еврото ќе постои додека Геманија го сака тоа, вели Џефри Сакс.
Според неговите зборови, Германија е најголемиот кредитор во Европа и се што правела е со цел да се спаси еврото, а не да се решат сите проблеми. Како што наведува, Германија им помагала на другите во толкава мера за да не ги налути своите граѓани, а не за да ги реши проблемите со кризата во Европа.
„Еврото ќе постои додека Германија не го блокира. Канцеларката Меркел беше спокојна, иако постојано се говореше Грција да се отфрли од еврозоната“, изјави професорот по економија на Универзитетот во Колумбија.
Сакс оцени дека најлошото е зад Европа и дека можно е постепено опоравување, но не гледа драматично подобрување бидејќи невработеноста и понатака е ризично висока.