24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKFC се повлекува од Сирија

KFC се повлекува од Сирија

kfc1

Американскиот ланец на ресторани за брза храна „Kentucky Fried Chicken-KFC“ го затвори својот последен ресторан во Сирија поради економски проблеми и потешкотиите во набавката.

Ресторанот во богатиот кварт на Дамаск, Абу Руманех е последниот од седумте ресторани на „KFC“ во Сирија чии врати се затворени, пренесува АФП.

„KFC“ е првиот американски ланец за брза храна кој влезе на пазарот во Сирија во 2006 година, благодарение на бизнисменот Насер Курафиј од Кувајт.

Компанијата се соочуваше со бројни проблеми, вклучувајќи ја и набавката, наведуваат изворите.

Насилството кое се случуваше во оваа земја доведе до пад на сириската фунта и раст на сиромаштијата, па оброците на „KFC“ беа прескапи за голем дел од населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП