9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрофитот на Toyota порасна за 70 проценти

Профитот на Toyota порасна за 70 проценти

tojotka

Производителот на автомобили „Toyota“ објави дека кварталната добивка пораснала за 70 проценти. Како причина за тоа од компанијата го наведуваат поевтинувањето на јенот и намалените трошоци кои им помогнаа да го компензираат падот во продажбата на автомобили.

Од „Toyota Motor Corp.“ соопштија дека нето добивката на компанијата за периодот јули -септември се зголемила до 438.4 милијарди јени (4,4 ​​милијарди долари) во споредба со 257.9 милијарди јени од пред 12 месеци.

Јапонскиот автомобилски гигант прогнозира дека профитот за целата финансиска година која завршува во март 2014-та година ќе достигне до 1.67 илјади милијарди јени (16.9 милијарди долари). Од „Toyota“ сепак останаа без промена во прогнозата за продажбата на 9.1 милиони возила.

Тримесечната продажба на авто-производителот забележа пад до 2.24 милиони автомобили во споредба со 2.25 милиони возила за истиот период од 2012-та година. Минатиот месец „Toyota“ објави дека нејзината глобална продажба изнесува 7.41 милиони автомобили од почетокот на годината. Овој број останува речиси непроменет во споредба со претходната година, но засега „Toyota“ води пред „General Motors“ во трката за најголем автопроизводител во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП