16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДокази за слабиот раст на еврозоната

Докази за слабиот раст на еврозоната

euro2

Продажбата на мало во еврозоната е намалена во септември за 0,6 проценти во споредба со август, соопшти денес европската статистичка служба Еуростат.

Новиот податок на Еуростат, објавен еден ден пред Европската централна банка да одлучи за намалувањето на каматите, се толкува како уште еден знак дека економското закрепнување на Европа е слабо.

Истовремено компанијата Маркит, која објавува финансиски информации, извести за падот на индексот на набавката за потребите на стопанството (ПМИ) во октомври.

Индексот ПМИ во октомври изнесува 51,9 поени во споредба со септемвриските 52,2 поени, кои беа максимумот во последните 27 месеци.

Сепак, индексот и понатака е над границата од 50 поени, што е знак за екпанзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП