27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTwitter се охрабри - ја подигнува цената на акциите

Twitter се охрабри – ја подигнува цената на акциите

tviter torta

„Twitter“ го зголеми ценовниот распон за својата јавна понуда на акции од 23 до 25 долари, што би можело да биде знак дека инвеститорите позитивно реагирале и побарувачката ќе биде поголема од тоа што се очекуваше.

Новиот распон ја подигнува можната пазарна вредност на сервисот за микроблогинг за неколку милијарди долари. Со најголемата цена, вредноста на компанијата на почетокот на првиот ден на тргувањето би била 13.9 милијарди долари.

Со тоа би ги надминала помладите компании како „Groupon“ и „Zyngа“, но и натаму би била далеку зад „Facebook“ (119 милијарди) и „Linkedin“ (околку 25 милијарди).

Поголемиот распон би можел да го зголеми и количеството на пари кои компанијата ќе ги земе за себе. Доколку ја постигне средната цена, тоа би значело околу 1.7 милијарди долари за развој.

„Twitter“ на 24-ти октомври на американските регулартори им најави дека имаат во план да продадат 70 милиони акции по цена од 17 до 20 долари. Тоа беше под очекувањата на многумина, што беше предвидено како знак за претпазливост.

Конзервативниот пристап, се чини дека се исплатеше. Зголемувањето би можело да значи дека разговорите со потенцијалните инвеститори поминале подобро, отколку што се надевале во „Twitter“. Побарувачката за акциите се чини многу голема, па книгата за нарачки би можела да биде затоворена веќе идниот вторник, еден ден пред предвиденото.

Конечната цена би требало да биде одредена во среда, а тргувањето би започнало во четврток. Според проценките на аналитичарите идната година цената на акциите би била поголема од 30 долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП