31 мај, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕКардиолог советува: Што да правите, а што да не правите пред спиење...

Кардиолог советува: Што да правите, а што да не правите пред спиење за добро здравје на срцето

Ако поддршката за здравјето на срцето е една од вашите цели за 2025 година, можеби ќе бидете меѓу оние кои внимаваат што консумираат.

Она што го јадете секако влијае на здравјето на срцето, но многу е важно и она што го правите после вечерата и пред спиење.

Интервентниот кардиолог, д-р Даниел Херман истакнува дека една од најдобрите навики за поддршка на здравјето на срцето е релаксација и подготовка на телото за добар сон.

Квалитетниот сон има позитивно влијание врз општото здравје

„Времето после оброците, особено вечерата, треба да се посвети на релаксација“, објаснува тој. Тој исто така истакнува колку е важно да се опуштите и да го подготвите телото за спиење.

„Квалитетниот, редовен сон придонесува за подобра регулација на крвниот притисок, намалено воспаление, хормонална рамнотежа, варијабилност на отчукувањата на срцето и подобрено закрепнување и регенерација на телото. Накратко, спиењето не е само време за одмор на умот, туку и критичен период кога телото ги извршува клучните задачи за одржување кои го штитат здравјето на срцето“, известува Херман.

Иако релаксацијата е добра навика, овој доктор сепак советува да не се опуштате со алкохолни пијалоци и кафе во тие доцни часови. Кофеинот може да го отежне заспивањето, а исто така е корисно да не се користат електронски уреди како начин за опуштање, како што се мобилни телефони, компјутери, таблети и телевизор. Ако веќе ги гледате, тој советува да не го правите тоа барем еден час пред да си легнете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП