21 април, 2025
ПочетнаСВЕТБајден ја прошири уредбата за санкционирање на оние кои го дестабилизираат Западен...

Бајден ја прошири уредбата за санкционирање на оние кои го дестабилизираат Западен Балкан

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, потпиша амандмани на извршната наредба со кои се прошируваат мерките за санкции против поединци и групи кои придонесуваат за дестабилизација на Западен Балкан.

Белата куќа соопшти дека овие промени се одговор на континуираните обиди на поединци и групи да ги прекршат повоените договори и институции и да ја загрозат стабилноста и безбедноста на регионот.

Извршната наредба на Бајден во врска со настаните на Западен Балкан е вообичаеното продолжување на Националната вонредна состојба, која беше воведена од претседателот Џорџ Буш во 2001 година, а сите американски претседатели оттогаш потпишаа таква одредба, што практично значи дека стабилен Западен Балканот е во национален интерес за Соединетите Американски Држави.

Тоа се однесува на континуираните обиди на поединци да го доведуваат во прашање суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, да ги поткопаат повоените договори и институции, преку спроведување значителна корупција што го нагризува владеењето на правото и довербата во демократското владеење, и да ги избегне санкциите на Владата на Соединетите Американски Држави, да преземе дополнителни чекори поврзани со националната вонредна состојба прогласена со Извршниот налог 13219 од 26 јуни 2001 година.

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во својата одлука истакна дека овие мерки се клучни за зачувување на мирот и стабилноста во регионот, но и за заштита на демократските процеси кои се резултат на долгогодишни меѓународни напори.

Измените на извршната наредба им овозможуваат на американските власти да ги блокираат средствата и интересите на лицата кои директно или индиректно го дестабилизираат Западен Балкан.

Во одлуката се наведува дека санкциите ќе опфатат лица кои ги поткопуваат меѓународните напори за мир и безбедност, државни функционери или членови на влади кои се вклучени во коруптивни практики, лидери или членови на организации вклучени во дестабилизирачки активности, членови на семејствата на санкционираните лица, вклучително и сопружници и возрасни деца, како и финансиски, технолошки или материјални соработници на овие лица.

Амандманите потпишани од претседателот Бајден ја истакнуваат важноста од спроведување на клучните меѓународни договори и правни механизми кои обезбедија стабилност на Западен Балкан. Тоа се однесува на Дејтонскиот договор, Охридскиот рамковен договор и Договорот од Преспа, кои беа оценети како темели за регионален мир, соработка и демократизација.

Извршната наредба, исто така, ја поддржува работата на меѓународните тела како што се Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали и Советот за спроведување на мирот, и вклучува санкции за попречување на нивните напори.

Во потпишаната одлука, американскиот претседател изјави дека САД ќе продолжат да ги користат сите алатки за поддршка на стабилноста и напредокот на Западен Балкан.

Белата куќа соопшти дека одлуката претставува продолжување на долгогодишната посветеност на САД за зајакнување на владеењето на правото, демократијата и безбедноста во регионот, со порака дека дестабилизирачките активности ќе наидат на решителен одговор од меѓународната заедница.

Основната разлика помеѓу новата и претходната регулатива е што оваа претставува проширување на санкциите, попрецизно дефинирање на активностите и јасни чекори во спроведувањето на санкциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП