20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМерцедес сака поголема соработка со Тесла

Мерцедес сака поголема соработка со Тесла

mercedestesla

Компанијата Дајмлер, која ги произведува автомобилите од марката Мерцедес и Смарт, има желба да ја продлабочи соработката со Тесла Моторс, најавуваат нејзините раководни лица.

Успехот на компанијата Тесла Моторс се рефлектира и во успешната соработка со Дајмлер. Американскиот производител на луксузни електрични автомобили ја снабдува германската компанија со електромотори и батерии за моделите „Smart ForTwo EV“ и „Mercedes B сlasѕ Electric Drive“.

Покрај тоа што ја користат технологијата на Тесла, Дајмлер има и 4.3 проценти во сопствеништвото на американската компанија. Во Дајмлер се многу задоволни од соработката и сакаат таа да ја прошират.

„Им реков на моите соработници да разговараат со луѓето од Тесла Моторс и да ја разгледаат можноста во кои области би можеле да работиме заедно“, изјави шефот на финансискиот сектор во Дајмлер, Бодо Уебер.

Можно е во Мерцедес да чувствуваат притисок да одговорат на предизвикот кој им го упати БМВ со лансирањето на електричниот модел „i3“ и хибридниот „i8“. Мерцедес уште во 2012-та година го претстави концептот „B сlasѕ“ со електричен погон, а производниот модел се очекува да се појави на пазарот во 2014-та година.

Мерцедес „В сlasѕ Electric Drive“ е опремен со електричен мотор кој произведува преку 100 kW (136 ks) и 310 Nm вртежен момент. Според фабричките податоци, овој автомобил ќе биде во состојба да помине преку 200км со едно полнење на батеријата. Од друга страна БМВ „i3“ располага со 125 kW (170 ks ), a со едно полнење на батеријата може да помине помеѓу 130 и 160км.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП