14 јануари, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКрај за „Fossil“

Крај за „Fossil“

На почетокот на 2025-та година, производителот на часовници „Fossil“ одлучи да го напушти пазарот на паметни часовници со користење на „Google Wear OS“.

Паметните часовници им биле интересен проект, но не успеале да го постигнат успехот на кој се надевале. Последните модели беа распродадени во текот на минатата година, освен еден – „Citizen CZ Smart Gen 2“, кој остана извесно време, но сега и истиот е повлечен од продажба.

„Fossil“ соработуваше со „Citizen“, уште еден познат производител на часовници, за да создаде неколку паметни модели. Еден од нив, „Citizen CZ Smart Gen 2“, излезе во 2023-та година, но уште од самиот почеток имаше многу проблеми, па дури и мораа да го повлечат од пазарот некое време. Сепак, се продаваше до крајот на 2024-та година. Во меѓувреме, „Fossil“ нудеше огромни попусти на своите часовници, што намами некои клиенти да ги пробаат.

Сега, сите паметни часовници на „Fossil“ ги нема, а компанијата се повлече од областа. Во меѓувреме, пазарот на паметни часовници го презедоа големите играчи како „Google“ и „Pixel Watch“, или „Samsung“ и „Galaxy Watch“, додека платформата „Wear OS“ станува сè попопуларна.

Од друга страна, традиционалните производители на часовници како „Fossil“ очигледно одлучија дека паметните часовници не се за нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП