19 април, 2025
ПочетнаСВЕТДоналд Трамп се огласи по оставката на Џастин Трудо: „Каква голема нација...

Доналд Трамп се огласи по оставката на Џастин Трудо: „Каква голема нација би била!“

Доналд Трамп се огласи откако канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка.

Трамп, кој на 20 јануари ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, ги повтори своите тврдења за идејата северниот сосед да стане 51-ва американска држава.

„Многу луѓе во Канада ја сакаат идејата да бидат 51-та држава на Соединетите Држави. Соединетите Држави повеќе не можат да ги поднесуваат огромните трговски дефицити и субвенции што и се потребни на Канада за да опстане. Џастин Трудо го знаеше тоа и затоа поднесе оставка. Ако Канада се спои со САД, нема да има царини, даноците значително ќе се намалат, а Канада ќе биде целосно безбедна од заканите на руските и кинеските бродови кои постојано ја опкружуваат. Заедно, каква голема нација би била!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Да потсетиме, канадскиот премиер Џастин Трудо денеска поднесе оставка, во обраќањето што го најави претходно во текот на денот.

Тој рече дека веднаш ќе се повлече од функцијата лидер на Либералната партија, но ќе остане премиер додека не се најде негова замена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП