27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП времено затвори 58 објекти

УЈП времено затвори 58 објекти

mala

Мобилните екипи на Управата за јавни приходи (УЈП) при редовните контроли изрекоа времена мерка затворање и парична глоба за вкупно 58 објекти. Од нив 26 се од Тетово, осум од Велешко, 10 од Куманово, по три од Охрид и Битола, пет од Прилеп и еден од Вевчани.

При контролите затворени се и две „диви“ обложувалници во струшките села Велешта и Радолишта, каде е одземена и целокупната опрема во објектите.

За време на контролите, инфомираат од УЈП, нивните екипи евидентирале случаи на навредување и попречување на даночниците во извршувањето на службените должности.

Во општина Чашка, при контрола на фискализација кај даночен обврзник, повеќе лица се собрале надвор од објектот и гласно упатувале погрдни зборови.

Со цел спречување на евентуални инциденти, доставена е пријава во МВР, при што е утврдено дека едно од лицата е висок полициски службеник.

Случајот е пријавен во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР.

Во Велес, сопственик на магацин за прехранбени продукти се обидел да ја одолговлекува контролата за фискализација со цел „ургенција“ преку инспектор во УЈП, со кој бил во роднински врски и чиј син работел во магацинот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП