28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Хрватска ќе и биде потребна помош од ММФ?

На Хрватска ќе и биде потребна помош од ММФ?

hrvatska11

Хрватска следната година најверојатно ќе има потреба да се задолжи, а во соработка со ММФ, условите за кредитирање би можеле да бидат поповолни, изјави Славкo Линиќ.

Хрватскиот министер за финансии нагласи дека аранжманот на ММФ не би требало да се отфрли, истакнувајќи дека таа одлука ќе ја донесе владата.

Министерот потсети дека пензиите над 5.000 куни, кои се стекнуваат според посебни прописи, ќе бидат намалени за 10 проценти, наведувајќи дека само пензиите стекнати со работа ќе бидат усогласени со индексот за раст на трошоците.

Линиќ предупреди на раст на дефлацијата следната година, истакнувајќи дека за 2014 година е предвиден раст на расходите за седум милијарди куни.

„Странските приходи планираме да ги зголемиме за милијарда куни, така што вкупните буџетски приходи во 2014 година ќе изнесуваат 114 милијарди куни, а расходите би биле околу 130 милијарди куни. Тоа значи дека ќе имаме огромен дефицит од 16 милијарди куни“, предупреди Линиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП