14 јануари, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Hyundai“ ја започна 2025-та со нов електричен модел (ФОТО/ВИДЕО)

„Hyundai“ ја започна 2025-та со нов електричен модел (ФОТО/ВИДЕО)

„Hyundai“ го претстави новиот електричен автомобил во Индија, базиран на еден од неговите најпопуларни „SUV“ модели во регионот.

„Creta Electric“ носи опција за возење со нулта емисија во палетата на „SUV“, со мали визуелни промени што го разликуваат од верзиите на мотори со внатрешно согорување.

Во споредба со „SUS“ варијантата, „Hyundai Creta Electric“ има редизајниран преден дел со поделена решетка. Маската е целосно затворена и има „пикселирана“ шема, додека долниот отвор на браникот содржи активни аеро-клапи.

Задниот браник има и „пикселизиран“ елемент над алуминиумскиот заштитен слој, заедно со дискретна пластична облога.

Профилот на возилото останува ист како моделот со мотор со внатрешно согорување, но електричната верзија користи нов сет од 17-инчни тркала со аеро-оптимизиран дизајн.

Автомобилот е достапен и во нова металик боја наречена „Ocean Blue“ (на сликата).

„Hyundai“ не ги објави спецификациите на целосно електричниот погон, кој најверојатно ќе користи еден електричен мотор на предната оска.

Сепак, компанијата откри дека спринтот од 0-100 km/h трае само 7,9 секунди, што го прави овој „EV“ побрз од верзијата „Creta N Line“ со мотор со внатрешно согорување.

„Creta Electric“ ќе биде достапен со две опции за батерии, со капацитет од 42 kWh или 51,4 kWh. Досегот е 390 km, или 473 km, мерено според локалните протоколи „ARAI“.

Според „Autocar India“, батеријата може да се полни од 10 до 80 проценти за 58 минути со помош на „DC“ полнач, додека полнењето од 10 проценти до 100 проценти трае четири часа на стандарден „AC“ полнач од 11 kW.

Теренецот има мал багажен простор напред за складирање на кабли за полнење и други ситници. Полначот се наоѓа зад амблемот на „Hyundai“ на предниот браник.

Внатрешноста на „Creta Electric“ вклучува нов волан со менувач кој потсетува на оној од моделот „Ioniq 5“.

Копчето на централната конзола овозможува избор помеѓу три режими на возење – „Eco“, „Normal“ и „Sport“.

Дигиталниот кокпит сега нуди нова графика и има два дисплеи од 10,25 инчи. Исто така, под задната клупа има штекер за напојување на лични електронски уреди.

„Hyundai Creta Electric“ ќе се натпреварува со ривали како „Suzuki eVitara“, „Mahindra BE 6“ и „Tata Curvv EV“.

Електричниот „SUV“ ќе биде официјално претставен на саемот за мобилност „Bharat“ во Индија на 17-ти јануари. Засега не се знае дали „Hyundai“ планира да го понуди и на други пазари.

Сегашната втора генерација на моделот „Hyundai Creta“ беше претставена во 2019-та година, а беше рестилизиран во 2024-та година во Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП