18 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗЛегендата „Polo“ наполни половина век

Легендата „Polo“ наполни половина век

Има модели чија долговечност нѐ изненадува – можеби затоа што во нив секогаш гледаме младешки дух. Еден од нив, кој штотуку наполни 50 години, а тоа е „Volkswagen Polo“.

Во тоа време пред пет децении веќе беше развиена германската „слатка“ и официјално беше објавена нејзината презентација за месец март.

Како што се случи со другите модели на „Volkswagen“, „Polo“ се роди поради исчезнувањето на друга легенда – „Буба“.

Всушност, германската марка го лансираше „Passat“ во 1973-та година, а една година подоцна го лансираше она што на крајот ќе стане нејзината најголема ѕвезда, „Golf“. Но, сè уште има простор за помал и поекономичен модел, но со погон на предните тркала („Бубата“ беше со погон на задните тркала). И тоа е празнината што „Polo“ ја пополни од 1975-та година.

„Polo“ се базира на „Audi“ 50 и нуди чист дизајн, многу функционалност, ефикасност, практичност, агилност, економичност во користењето и најсовремена технологија во својот сегмент. Плус фер сооднос квалитет-цена. Во овие пет децении продадени се повеќе од 20 милиони примероци во шесте генерации на малиот брат на „Golf“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП