16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing ќе продолжи да произведува Dreamliner 787 со иста батерија

Boeing ќе продолжи да произведува Dreamliner 787 со иста батерија

bo

Иако јапонската авиокомпанија „All Nippon Airways“ во минатите месеци промени десет батерии на авионите „Boeing 787“, а сличен проблем имаа и во „Japan Airlines“, американскиот производител на овие авиони нема намера да ги промени батериите, туку најавува дека ќе продолжи со производство исто како досега. Како оправдување за спорната батерија, од „Boeing“ објавија дека во изминатиот период имало повеќе случаи каде се менувал овој дел од авионите и дека тоа било резултат на рутинско оддржување.

За потсетување, проблемите со батеријата доведоа до приземјување на целата флота „787“.

„Boeing“ во последниот квартал од минатата година, забележа рекордни приходи од 22 милијарди долари, меѓутоа последните случувања со авионите „787“, би можело значајно да се одразат на приходите во блиска иднина, пишува „BBC“.

Извршниот директор на „Boeing“, Џим Мекнури исктакнува дека во моментот работата се одвива како и обично, додавајќи дека компанијата планира да продолжи со продажба на „787“, а работат и на проширување на авионот.

Мометално имаат нарачки за 800 „Dreamliner“ авиони, а ниту еднаш немаа прилика од доставувачите на делови да побараат да забават со испораката.

„Истрагата за случајот од неодамна е во тек, а ниту една од работите што се откриени досега, не укажува на тоа дека имаме одбрано погрешна батерија“,кажа Мекнури.

Ниту инспекторите од јапонското Министерство за сообраќај не пронајдоа никаква грешка со батеријата, поради што постои стравување дека авионите ќе останат приземјени се додека со помош на истрагата не биде пронајдена вистинската причина.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП