11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlstom укинува 1.300 работни места

Alstom укинува 1.300 работни места

alstom2

Француската корпорација „Alstom“, една од светските лидери во производството на опрема за електрика и железници, ќе укине најмалку 1.300 работни места во своите компании.

Како што изјави претседателот и генерален директор на компанијата Патрик Крон, не е исклучено дека по ова отпуштање можат да следат и нови отпуштања на работниците.

Планираната програма за намалување на работните места, според него, ќе се однесува на компаниите за производство на опрема за електрика, електроника, како и централното одделение за управување со компанијата.

Тој изјави дека компаниите во кои ќе има намалување на вработените претежно се наоѓаат во Европа. Во оваа корпорација работат 93.000 лица, од кои 18.000 во Франција.

Во 2010 година „Alstom“ укина 4.000 работни места во компаниите во Европа и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП