Крајот на 2024-та година носи јасен заклучок – „AMD“ доминира на пазарот на процесори, додека „Intel“ едвај успева да го следи.
Оваа година беше исклучително успешна за „AMD“, благодарение на паметната стратегија и иновативните модели кои се истакнаа на пазарот.
Меѓу нив, особено блеска „Ryzen 7 9800X3D“, процесор кој стана омилен избор меѓу гејмерите и ентузијастите.
„Ryzen 7 9800X3D“ – процесор што не може да се заобиколи
Со своите супериорни перформанси, „Ryzen 7 9800X3D“ брзо се здоби со репутација како модел кој мора да го има секој што бара врвни перформанси. Побарувачката беше толку голема што овој процесор се распродаде за рекордно време на повеќето продажни платформи, а и сега е тешко да се најде.
Според германскиот продавач на мало „Mindfactory“, во текот на 52-та недела (од 23 до 29 декември), „AMD“ продаде 4.260 процесори, додека „Intel“ успеа да продаде само 320 единици. „Ryzen 7 9800X3D“ беше апсолутен лидер со 1.620 продадени единици, додека „Ryzen 5 7600X3D“ и „Ryzen 7 5700X3D“ го зазедоа второто и третото место со 470 и 350 продадени единици.
Во текот на годината „Intel“ имаше значителни проблеми со процесорите од 13 и 14 генерација, додека новите „Core Ultra 200S“ модели наидоа на слаба реакција кај корисниците. Најпродаваниот процесор на „Intel беше Core Ultra 7 265KF“, но беа продадени само 20 примероци.
Доминација на „AMD“ во бројки
Продажната табела за 52-та недела го покажува целосниот триумф на „AMD“. На врвот е „Ryzen 7 9800X3D“, а сите десет најпродавани процесори припаѓаат на оваа компанија. Да не беа проблемите со инвентарот, бројките за „9800X3D“ ќе беа уште поимпресивни.
„AMD“ со овие резултати јасно покажа дека е лидер на пазарот, додека „Intel“ треба да го преиспита својот пристап доколку сака да се врати во играта следната година. Останува да се види дали „AMD“ ќе ја задржи оваа доминација во 2025-та година.