7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Загреб – Најголемата хрватска нафтена компанија ИНА продолжи со слабите резултати. ИНА во првите девет месеци во 2013 година забележа пад на приходот од продажбата за 8,1 отсто во однос на истиот период лани. Причината за тоа пред се се пониските цени на нафтата, потоа намалените просечни маржи, како и падот на продажбата на природен гас. Бруто профитот забележа пад од 20,6 отсто, со пад на маржата на 10,9 отсто.

Прага – Финансиската групација ППФ на најбогатиот Чех, Петр Келнер од шпанската компанија „Телефоника“ го купува мнозинскиот удел во најголемиот чешки оператор „Телефоника 02“ за 2,5 милијарди евра. Договорот за купување на 69 отсто акции на „Телефоника 02“ е веќе подготвен и треба да биде потпишан наскоро, наведува „Фајненшел тајмс“, додавјаќи дека се очекува ППФ подоцна да ги откупи и преостанатите 31 отсто акции за милијарда евра.

Мадрид – Бројот на регистрираните невработени во Шпанија порасна за над 87.000 во октомври, што во голема мерка е последица на фактот дека многу работни места отворени во текот на туристичката сезона се затворени. Министерството за труд во Мадрид соопшти дека минатиот месец без работа биле вкупно 4,8 милиони луѓе, а октомври како и септември, е традиционален месец во кој се бележи раст на невработеноста поради крајот на туристичката сезона. Вестите за зголемената невработеност доаѓаат во време кога е регистриран крај на двогодишната рецесија, со скромен стопански раст од 0,1 отсто.

Минхен – Германскиот производител на луксузни автомобили БМВ верува дека ќе ги оствари целите оваа година, по доброто работење во третиот квартал. Во трите месеци заклучно со септември, нето профитот на компанијата пораснал за 3,2 отсто на 1,33 милијарди евра, иако заработката од работењето е намалена за 3,7 отсто на 1,92 милијарди евра, поради зголемените трошоци и растот на конкуренцијата, наведе компанијата. Приходите истовремено благо се намалени за 0,4 отсто на 18,75 милијарди евра. – Резултатите од третиот квартал, како и од првите девет месеци во 2013 година се позитивни, наспроти поголемите трошоци на нови технологии и предизвиците на европскиот пазар, па можеме да ја потврдиме нашата прогноза за цела година и очекуваме профит сличен на минатогодишниот, рече извршниот директор на БМВ Норберт Рајтхофер.

Рим – Министерот за финансии на Италија Фабрицио Сакомани во интервјуот за „Фајненшел тајмс“ предупреди дека силното евро може да го загрози економското зајакнување на Европа. Италија вчера ја намали прогнозата за стопанскиот раст за 2013 година и сега очекува пад на БДП од 1,8 отсто, во однос на претходно прогнозираниот пад од 1,7 отсто.

Киев – Владата на Украина, компанијата „Надра Олескаја“ и американската корпорација „Шеврон“ потпишаа договор за заедничко производство на гас од шкрилци. Договорот ќе овозможи почеток на работи на истражување и производство на гас од шкрилци на Олеското Плато, чии резерви се проценуваат на 2.980 милијарди кубни метри гас.

Њујорк – Речиси една третина од Американците сметаат дека Кина ги надминала САД како водечка економска сила во светот, пренесува магазинот „Тајмс“. САД се најсилна светска економија уште од 1871 година, но најновите истражувања покажуваат дека над половина граѓани на земјата веруваат дека на нивната татковина и се одброени деновите на економскиот трон на светот. Анкетата која ја спроведе финансискиот портал „Стрит“, покажува дека 43 отсто од Американците очекуваат САД да остане водечка светска економска сила уште пет до седум години, а една третина веруваат дека Кина веќе го презела тронот. Меѓутоа, нивните оценки не се во согласност со официјалната статистика која покажува дека САД имаат речиси двојно поголем БДП од Кина.

Њујорк – Најголемиот светски ланец на хотели според бројот на соби, „Интерконтинентал Хотелс Груп“ (ИХГ) оствари раст на приходите во третиот квартал. Приходите по соба, клучна мерка во хотелската индустрија, пораснале за 3,3 отсто во пеиодот јули-септември 2013, наведе групацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП