29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИING не ги оправда прелиминарните очекувања за профит

ING не ги оправда прелиминарните очекувања за профит

Netherlands ING

Холандската компанија за финансиски услуги „ING“ не успеа да ги оправда очекувањата за финансиските резултати по процесот на реструктуирање и по добиената државна помош.

Добивката на банката за третиот квартал изнесува 891 милиони евра (1,2 милијарди долари) во споредба со 844 милиони евра за истиот период од минатата година. Прелиминарните очекувања на аналитичарите беа за профит пред оданочување во износ од 1,25 милијарди евра.

Главниот Извршен директор на компанијата, Патрик Флин, објави дека резултатите се „цврсти“ и истакна дека банката има значителен напредок по финансискиот колапс во 2008-та година и дека програмата за нејзиното реструктуирање оди според планот. Во 2008-та година „ING“ склучи договор со холандската влада за зајакнување на капиталната база и доби 10 милијарди евра помош.

Компанијата изготви план за реструктуирање и доби одобрение за користење од страна на европските власти. Денес банката објави дека напредува и е во крајна фаза на програмата, која ќе биде завршена до 2016-та година, две години пред првичното очекување. „ING“ очекува да го продаде одделението за осигурување на живот „ING Life Korea“ до крајот на годината. Уделот на компанијата во „ING US“ исто така беше намален до 57 проценти. Освен тоа од „ING“ изјавија дека „ING Life Japan“ ќе биде вклучена во претстојното „ИПО“ акции на „ING Insurance“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП