18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСоочете се со предизвиците и размислувајте како победник

Соочете се со предизвиците и размислувајте како победник

predizvici1

Во светот на бизнисот постојат постојани предизвици кои ви го отежнуваат патот, надминете ги нив на лесен начин и размислувајте како победник.

Следуваат совети за надминување на психолошките предизвици, со кои се соочуваат почетниците или оформените претприемачи кој сакаат да растат.

Предизвик број 1 – Негативно размислување

Кризи се случуваат и во бизнисот и во животот. Почнете да си поставувате позитивни прашања кога ќе си помислите: не сум доволно добар, не можам да го направам ова, ништо не оди како што треба. Пробајте: Што е добро во оваа ситуација? Кои алатки и ресурси треба да ги искористам за да се придвижам во насоката во која сакам да се движам? Прашувајте се самите себе подобри прашања, кои може да ви помогнат да се придвижите напред. Најверојатно големиот клиент кој сте го изгубиле не бил најдобро решение, и сега имате простор да услужите поголем и подобар клиент. Колку повеќе активно го менувате негативното мислење, толку полесно ќе ги видите приликите во неповолната ситуација.

Предизвик број 2 – Исцрпеност

Исто како и спортистите како што се повредуваат од исцрпност, слично, и најеластичните сопственици на бизниси можат да се уморат од преголемото залагање и напор кој го вложуваат во својот бизнис. Покрај советите за јадење на здрава храна и одмор, критично за планот да пропадне е доколку не е возможно да бидете на неколку дена надвор од работа. Доколку не е возможно, земете “ментален одмор”. Отидете на некое место каде што нема да ве прекинат 5-10 минути. Дишете длабоко и замислете си како се релаксирате во прекрасна околина, како на пример на плажа. Истражувањата ги покажале позитивните ефекти на медитација во борбата против стресот како и за подобро здравје. Според некои истражувањa медитацијата може да ви ја зголеми концентрацијата и да ве направи попродуктивен.

Предизвик број 3 – Страв

Потсетете се себе си на вештините и талентот кои ве донеле до успехот што сте го постигнале до сега. Визуализирајте се себеси како го постигнувате резултатот кој го посакувате, повторно и повторно. Потоа, фокусирајте се на моментот. Не мислете на минатото и не грижете се за иднината. Наместо тоа, определете го следниот чекор што треба да го преземете и резултатот кој сакате да го постигнете. Ако сте загрижени да склучите некоја голема зделка, направете листа од задачи кои ќе ви дадат најдобрата можна предност, проучете ги предностите и недостатоците на конкуренцијата, напишете предлог за постигнување на резултатот, подгответе ја презентацијата. Преземањето на позитивна акција е добар начин за да се справите со стравот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП