17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем на турски извозни производи

Саем на турски извозни производи

saem

Во Метрополис арената на Скопски саем од денеска почнува 3. Саем на турски извозни производи што го организира Меѓународната саемска организација „Меридијен“ и Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).

Посетителите ќе имаат можност до сабота да ги видат производите на околу 40-тина турски компании од областа на текстилот, козметиката, земјоделството, логистиката, туризмот, градежништвото, образованието… Половина од компаниите веќе се присутни или го имаат истражено пазарот во Македонија, а половината првпат ќе се претстават пред македонските потрошувачи.

Свој штанд ќе имаат и Трговската комора на Ескишекир и Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).
Саемот ќе биде отворен од 10 до 18 часот, а влезот е слободен. Минатата година саемот го посетиле 8.000 луѓе, а годинава организаторите очекуваат поголема посетеност.

Турција е еден од 10-те трговски партнери на Македонија. Трговската размена меѓу Македонија и Турција е во постојан подем и во првите осум месеци од годинава забележан е раст на трговската размена од околу 10 проценти во споредба со истиот период лани.

Се очекува трговската размена до крајот на годината да достигне до 400 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП