10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕП: Има дискриминација на национална основа при вработувањето во ЕУ

ЕП: Има дискриминација на национална основа при вработувањето во ЕУ

eu-mobility

Правото на граѓаните на ЕУ да работат во која било земја од Унијата, надвор од нивната татковина, е дел од европското законодавство, но се уште постојат случаи на дискриминација врз национална основа , се посочува во текстот одобрен синоќа од Комисијата за вработување и социјални прашања на Европскиот парламент.

– Добрата работа на единствениот пазар во ЕУ е тоа што треба да го вклучува слободното движење на работниците, изјави известувачот, словачкиот европратеник Едит Бауер.

Во документот се цитираат официјални статиситчки податоци, според кои, во текот на минатата година 6,6 милиони европски граѓани работиле во некоја од земјите на Унијата, надвор од нивната матична држава, што претставува околу три проценти од вкупниот број вработени во ЕУ.

Вкупно 1,2 милиони Европејци минатата година живееле во една, а работеле во друга држава од ЕУ.

Истражувањето покажува декаа 15 отсто од граѓаните на ЕУ не би сакале да работат надвор од својата татковина, затоа што сметаат дека ваквиот ангажман е пред се многу сложен.

Во текстот се забележува дека според европското законодавство, граѓаните од ЕУ кои тешко добиваат работа заради дискриминација поради својата националност, треба да добијат правна заштита и отштета.

Парламентарната комисија препорачува да се формираат „точки за контакт“, односно места каде луѓето ќе кажуваат за случаи на ваква дискриминација и со чија помош ќе се решаваат појавените проблеми.

Комисијата забележува дека предвидената заштита се однесува на сезонските, прекуграничните и постојано вработените, како и на самовработените работници, но не и оние испратени на работа во сѕтанство од странски работодавец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП