4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се работните места во Германија каде има место и за Вас

Ова се работните места во Германија каде има место и за Вас

arbait1

Со донесувањето на новите регулативи за вработување, Германија ги отвори вратите за високо и ниско квалификуваната работна сила за земјите надвор од ЕУ, а времето за признавање на странските квалификации е значително скратено.

Оние кои би сакале да се вработат во Германија, можат да се информираат за пријавата за саканото, односно бараното работно место преку Германската агенција за вработување која ја објави листата на околу 50 дефицитарни работни места, кои се отворени и за работниците од земјите кои не се во Европската унија.

Кога ќе се дојде до соодветно квалификуваниот кандидат, потребно е да се признае неговото образование, а потоа работникот кој ќе ја добие работата во Германија преку Сојузната агенција за труд треба да побара работна дозвола и дозвола за престој во надлежното конзуларно претставништво.

Компаниите кои сакаат да вработат луѓе од земјите надвор од ЕУ, мора да распишат јавни конкурси. Компаниите кои нема да успеат соодветните кандидати да ги пронајдат сами, можат да им се обратат на државните канцеларии за труд.

Германија и претходно ги отвори вратите за лицата со факултетско образование од земјите надвор од ЕУ. Според наводите на Институтот за германската економија, околу 120.000 висококвалификувани работници недостасуваат само во областа на математиката, информатиката, природните науки и технологијата.

Овој Институт го оцени позитивно тоа што, не само факултетски образованите лица, туку и оние занаетчиите со пониско образование и неквалификуваните работници, сега можат да се вработат во Германија.

 

Ова е листата на работни места во Германија на кои и кандидатите кои живеат во земјите надвор од ЕУ можат да се пријават:

-Мехатроничар

-Технички асистент (мехатроника)

-Машински техничар (мехатроника)

-Инженер за мехатроника

-Електроничар за автоматизирана технологија

-Индустриски технолог за автоматизирана технологија

-Електроничар

-Електроничар за автоматизирана технологија за индустријата

-Роботичар

-Роботичари-автономни системи

-Технолог за автоматизирана индустрија

-Инженер за автоматизирана индустрија

-Електричар

-Електричар за градби

-Техничар за осветлување

-Техничар за електрични системи

-Електроинсталатер

-Водоинсталатер

-Водоинсталатер за изолација

-Монтер на громобрани

-Техничар за системи за греење

-Техничар за системи за разладување

-Инженер за технологија за разладување

-Работници без квалификации за водовод

-Машиновозач

-Лица за надзор за железничка инфраструктура

-Лица за одржување на железничка инфраструктура

-Медицинска сестра

-Медицинска сестра на педијатрија

-Медицинска сестра за интензивна нега

-Медицинска сестра за хирургија

-Медицинска сестра (амбуланта)

-Анестезиолог

-Асистент анестезиолог

-Негувател за стари лица

-Негувател за болни деца

-Специјалисти за клиничка геријатрија

-Специјалисти за онкологија

-Специјалисти за ендоскопија

-Специјалисти за нефрологија

-Специјалисти за рехабилитација

-Хирушки техничар

-Асистент за хирургија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП