19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкок на неврaботеноста во Шпанија

Скок на неврaботеноста во Шпанија

shpanija1

Бројот на регистрирани невработени лица во Шпанија се зголеми за повеќе од 87.000 во октомври, бидејќи многу работни места беа отворени само за време на туристичката сезона.

Министерството за труд во Мадрид соопшти дека минатиот месец без работа биле вкупно 4,8 милиони лица, а октомври, како и септември, се месеци во кои традиционално се бележи раст на невработеноста поради завршувањето на туристичката сезона, пренесува агенцијата Франс прес.

Вестите за зголемување на невработеноста доаѓаат во време на завршување на двегодишната рецесија, иако е забележан само скромен раст од 0,1 проценти.

Сепак, октомвриската стапка на невработеност од 26 проценти, втора во големина во 28-члената Европска унија, зад Грција, покажува дека е потребно извршување на уште многу работи со цел подобрување на шпанската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП