3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цените во Швајцарија

Пад на цените во Швајцарија

shvajcarija1

Цените на швајцарскиот пазар во октомври се намалени за 0,1 проценти во однос на претходниот месец, соопшти швајцарскиот Завод за статистика.

Меѓугодишната стапка на инфлација во октомври изнесуваше -0,3 проценти, во однос на -0,1 проценти и -0,2 проценти во октомври 2012 година, се прецизира во соопштението од Заводот за статистика.

Општиот пад на цените се објаснува со намалувањето на цените на нафтените деривати, месото и зеленчукот. Спротивно, цените на облеката се зголемиле, по распродажбата во претходниот месец.

Што се однесува до потеклото на производите, домашните поевтиниле за 0,1 проценти во октомври, во однос на претходниот месец, додека цените на увозните производи останале стабилни.

На годишно ниво, цените на домашните производи во споменатиот месец се зголемиле за 0,6 проценти, додека цените на увезената стока забележале пад од 2,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП