10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени грешките на ЕУ при користење на буџетот

Зголемени грешките на ЕУ при користење на буџетот

eu1

Европската унија мора да го преиспита својот пристап кон буџетот, за да се осигура дека граѓаните ја добиваат вистинската работа за своите пари, соопшти Европскиот ревизорски суд.

Судот истовремено укажа на поголеми грешки околу буџетот за минатата година.

Судот утврди дека грешките во областа на потрошувачката минатата година се зголемиле на 4,8 проценти од буџетот на ЕУ, односно на речиси 139 милијарди евра од 3,9 проценти во 2011 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Овие грешки не се последица на измама, туку се работи за средства кои не требало да бидат исплатени, бидејќи не се користени во согласност со прописите.

Според оценката на судот, ЕУ мора да ги разгледа правилата за потрошувачка и да ја поедностави законската рамка, а европските граѓани имаат право да знаат на што се трошат нивните пари и дали се искористени за соодветни цели.

Најчести грешки се забележани кај потрошувачката за руралниот развој, екологијата, рибарството и здавството, каде достигнуваат 7,9 проценти од буџетот на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП