5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLego ги зголемува капацитетите за 30 проценти

Lego ги зголемува капацитетите за 30 проценти

lego1

Данскиот производител на играчки „Lego“, вториот по големина во светот, ќе ја прошири својата фабрика во Чашка, со што ќе ги зголеми своите производствени капацитети за повеќе од 30 проценти.

Новиот производствен погон со четири сали ќе зафаќа површина од 48.000 квадратни метри, а изградбата ќе биде завршена до 2015 година, се вели во соопштението од компанијата.

Инвестицијата чини 58 милиони евра и ќе овозможи отворање на уште 800 нови работни места. „Lego“ во Чешка во моментов вработува околу 2.000 лица.

Чешката фабрика на оваа данска компанија во 2012 година оствари профит во вредност од 7,75 милиони евра и приходи од околу 271 милион евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП