2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена проценката за пад на хрватскиот БДП

Намалена проценката за пад на хрватскиот БДП

hrvatska1

Европската комисија ја намали проценката за пад на хрватската економија во оваа година од 1,0 на 0,7 проценти, но ја зголеми проценката за државниот дефицит и јавниот долг.

Во следната година, според проценката на Комисијата, хрватскиот бруто домашен производ (БДП) би требало да се зголеми за 0,5 проценти, а во 2015 година за 1,2 проценти.

Во најновата прогноза, Комисијата очекува дека јавниот дефицит на Хрватска ќе изнесува 5,4 проценти од БДП, за разлика од 4,7 проценти кои беа предвидени во претходната прогноза. Во следната година дефицитот најверојатно ќе изнесува 6,5 проценти, додека во 2015 година тој би можел да се намали на 6,2 проценти.

Јавниот долг се очекува во оваа година да изнесува 59,6 проценти од БДП, следната година 64,7, а во 2015 година 69 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП