16 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Lamborghini“ го одложи лансирањето на својот прв електричен автомобил

„Lamborghini“ го одложи лансирањето на својот прв електричен автомобил

Италијанскиот производител „Lamborghini“ одлучи да го одложи лансирањето на својот прв електричен автомобил до 2029-ТА година. Според извршниот директор на компанијата Стефан Винкелман, пазарот на спортски автомобили сѐ уште не е подготвен за целосна електрификација и клиентите на марката остануваат посветени на традиционалните мотори со внатрешно согорување.

Првично, „Lamborghini“ планираше да го претстави својот прв електричен модел во 2028-ма година. Сепак, според Винкелман, компанијата верува дека пазарот на премиум спортски автомобили нема да биде подготвен за целосна трансформација до крајот на деценијата.

„Не мислиме дека 2029-та година доцна е. Нашиот сегмент бара време да се прилагоди, а пазарот се уште не е доволно зрел за целосна транзиција кон електрична енергија“, нагласи Винкелман на средбата со новинарите во Сант Агата Болоњезе, каде што се наоѓа седиштето на компанијата.

Во исто време, главниот ривал на „Lamborghini“, „Ferarri“, има намера да го лансира својот прв електричен автомобил веќе во 2025-та година. И ова секако ќе го зголеми притисокот врз италијанската марка.

Одлуката на „Lamborghini“ е поврзана не само со карактеристиките на пазарот, туку и со филозофијата на компанијата. Купувачите на брендот ја ценат моќноста, звукот и погонот што ги обезбедуваат традиционалните мотори. Компанијата е посветена на одржување на уникатниот карактер на своите автомобили, дури и ако транзицијата кон електрична технологија трае подолго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП