19 април, 2025
ПочетнаСВЕТПрво обраќање на Асад по соборувањето: Бев евакуиран од руската армија

Прво обраќање на Асад по соборувањето: Бев евакуиран од руската армија

Соборениот сириски претседател Башар ал Асад изјави дека нема намера да ја напушти Сирија по падот на Дамаск минатата недела, но бил евакуиран од руската војска откако била нападната нивната база во западна Сирија.

Асад ова го објави на својата страница на Фејсбук, што е негово прво јавно обраќање откако беше соборен од власт од бунтовничките групи, пренесува Асошиејтед прес (АП).

Асад напиша дека го напуштил Дамаск утрото на 8 декември, неколку часа откако бунтовниците го зазеле главниот град.

Тој изјави дека во координација со руските сојузници отишол во руската база во крајбрежната провинција Латакија, каде што „планирал да ја продолжи борбата“.

Русите, додаде тој, откако нивната база била нападната, решиле да го префрлат во Русија во текот на ноќта на 8 декември.

„Не ја напуштив земјата како дел од некој план, како што беше претходно објавено“, тврди Асад.

Според него, Сирија сега е „во рацете на терористите“.

Бунтовничката коалиција предводена од групата Хајат Тахрир ал-Шам го собори Башар ал Асад од власт на почетокот на декември.

Сменетиот претседател со семејството побегна во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП